Три апсења во еден час: Четворица скопјани со лисици

Денеска (11.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Денеска (11.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Денеска (11.10.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.10.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави