Багерист пронашол експлозив во Мирковци

Багерист пронашол експлозив во скопското село Мирковци.

„Вчера наутро во СВР Скопје, Р.Д.(38) од с.Бразда, скопско, пријавил дека при вршење ископ со багер во с.Мирковци, скопско, пронашол експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за испукано зрно од граната калибар 75 мм, кое потекнува од Втора светска војна“, информираат од МВР.

Полицијата извршила увид.

Треба да знаете
Последни објави