Посебен сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола поради изградба на Коридорот 10Д

Се известуваат граѓаните дека поради започнување со изградбата на патниот Коридор 10Д, на делница Прилеп – Битола од денеска (08.10.2024) во 13.15 часот, од страна на изведувачот Бехтел Енка, согласно сообраќајниот проект за времено одвивање на сообраќајот при изградба на Коридор 10 Д, се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќај и тоа пренасочување на цел сообраќај од Магистралниот пат А3 ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1101, односно од клучката кај с.Тополчани до с.Алинци.

Треба да знаете
Последни објави