Израелски напад во близина на Рафа – најмалку осум луѓе загинаа

Осум луѓе загинаа во денешниот израелски напад со дрон врз група цивили пред пумпа за вода северно од градот Рафа, Појас Газа.

Според неименувани медицински извори во Европската болница во Газа донесени се осум безживотни тела откако израелските сили бомбардираа група цивили во Кирбет ал Адасу, северно до Рафа.

Од 7 октомври минатата година во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 41,909 луѓе, а повредени се 97,303 лица. Поголем број од жртвите се деца и жени.

Треба да знаете
Последни објави