Одбележување на Европскиот ден на органодонорството

Во Kинотека на Северна Македонија денеска ќе биде одбележан Европскиот ден на органодонорството, 7 октомври, како дел од активностите на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од ЕУ.

Предвидена е дискусија за органодарителството и трансплантацијата во земјава, како и изложба на дела од Конкурсот за најдобро избрано решение за плакати.

Според најавата, настанот ќе го отвори министерот за здравство Арбен Таравари, а понего ќе се обратат и националниот координатор за трансплантација на РСМ Биљана Кузмановска, Васко Јолевски од „Храбро срце и пациент од листата на чекање за траснсплантација на срце.

Треба да знаете
Последни објави