Состојбата во БиХ е катастрофална: Пронајдени се уште две тела, бројот на загинати расте

Бројот на загинати во подрачјето погодено од поплавите во Босна и Херцеговина се зголеми на 15.
Пребарувајќи ги терените на Коњиќ и Јабланица, спасувачите пронашле уште две безживотни тела, едното во Бутуровиќ Поље, другото во областа Доња Јабланица, соопшти владата.

Последните информации говореа дека бројот на жртви во оваа област е 13, но дека неколку лица се водат како исчезнати.

Вкупниот број на жртви во поплавите во Босна и Херцеговина се искачи на 18, бидејќи три лица беа пронајдени мртви во областа Фојница.

Треба да знаете
Последни објави