Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје: Едно лице загина, сообраќајот пренасочен


Вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, во близина на бензиската станица Макпетрол, кога патничко возило излетало од патот и преминало на спротивната страна. Според првичните информации, едно лице загинало на лице место.

Во моментов, сообраќајот на оваа делница е пренасочен, а надлежните служби работат на расчистување на местото на несреќата. Полицијата спроведува истрага за причините што довеле до овој трагичен инцидент.

Треба да знаете
Последни објави