ВАДА бара суспензија за Синер

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана и бара суспензија за Јаник Синер.

Непосредно пред почетокот на УС Опен на крајот на август, беше објавено дека ITIA (International Tennis Integrity Agency) го ослободи Синер, т.е. дека констатирала „нема вина и немарност“ во случајот на два позитивни теста за клостебол во март.

Меѓутоа, ВАДА мисли поинаку и смета дека пресудата не била точна според сегашните правила, како што се наведува во соопштението.

„Ќе побараме суспензија меѓу една и две години. ВАДА не бара поништување на ниту еден резултат“, се вели меѓу другото во соопштението на ВАДА.

Синер, и покрај притисокот од тој допинг скандал, го освои УС Опен, негова втора Грен слем титула, по Австралија Опен исто така оваа година.

Треба да знаете
Последни објави