Возило излетало од коловозот, тешко повредени момче и девојка

На 27.09.2024  околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, пред с.Виничани, општина Градско, патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(22), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Е.К.(22), двајцата од Крушево, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави