ПИОМ има нов директор: Назначен е Никола Мемов од ЗНАМ

Портпаролот на ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, е именуван за директор на ПИОМ.

Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.

Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда. Мемов доаѓа на местото на Арсим Хасани од Алијанса за Албанците, кој со институцијата како В Д директор раководеше од март минатата година.

Треба да знаете
Последни објави