Потона брод во Грција: Тројца мигранти загинаа, а 25 се исчезнати

Најмалку тројца мигранти загинаа, а 25 се водат за исчезнати кога бродот со кој го преминаа Средоземното Море кон Европа денеска потона во близина на грчкиот остров Самос.

Досега се спасени пет мигранти, а во потрагата се вклучени четири брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер, која сè уште е во тек, пренесува „Ројтерс“.

Потрагата продолжува во северозападниот дел на островот во близина на населбата Агиос Исидорос.

Треба да знаете
Последни објави