Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА .

„Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.

„Ги советуваме цивилите од либанските села лоцирани во и до објектите и областите што ги користи Хезболах за воени цели, како што се оние што се користат за складирање на оружје, заради своја безбедност веднаш да заминат од опасноста.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека „Хезболах го претвори јужен Либан во бојно поле“, пренесе ДПА.

-Притоа, милицијата ве стави вас и вашите семејства во опасност, рече портпаролот обраќајќи им се на жителите во јужен Либан.

Хагари рече дека предупредувањето се однесува на десетици села во зона до 80 километри северно од израелската граница.

Тој додаде дека нападите врз цели во Либан доаѓаат откако ИДФ идентификуваше подготовки на Хезболах за лансирање ракети врз Израел, додавајќи дека нападите ќе продолжат за „отстранување на заканите“.

Треба да знаете
Последни објави