Силна порака за хрватската економија, вели Пленковиќ за извештајот на Фич

Глобалната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми рејтингот на Хрватска од „БББ+“ на „А-“, со стабилна перспектива, нагласувајќи ја отпорноста на хрватската економија на надворешни шокови, намалувањето на јавниот долг и континуираната интеграција во групата земји во јадрото на еврозоната.

Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, одржа конференција за медиумите на таа тема каде го изрази своето задоволство од зголемениот кредитен рејтинг и рече дека тоа е историски високо ниво.

– Тоа е силна порака за хрватската економија, одговорно управување со јавните финансии, економски раст, раст на платите, раст на пензиите, реформи што ги презедовме, одлична апсорпција на европските фондови, подлабока интеграција во еврозоната.

– Подигнување на просечната стапка на раст на Хрватска врз основа на БДП по глава на жител на 76% од просекот на ЕУ до крајот на 2023 година, со очекуван раст од околу 3,5% во 2024 година, практично уште два процентни поени до крајот на 2024 година, што е како ќе стигнеме до 78.

Тој додаде дека според „Фич“, Италија, Бугарија, Унгарија, Романија и Грција имаат понизок рејтинг од Хрватска.

– Ние и понатаму сме земјата која најбрзо го крева својот кредитен рејтинг и тоа е многу добро, нагласи тој.

Министерот за финансии Марко Приморац рече дека агенциите за кредитен рејтинг ја проценуваат способноста за правилно сервисирање на долговите, уредното работење, квалитетното управување со јавните финансии и тоа е „одлична потврда за сите нас“.

Треба да знаете
Последни објави