Државен натпревар по прва помош во Општина Ѓорче Петров

Денес во реонскиот парк во општината Ѓорче Петров и пред ТЦ „Кам мол“ Црвениот крст на РМ во соработка со општина Ѓорче Петров организираше важен настан кој промовира животоспасувачки вештини.                                                                   

На натпреварот учествуваа 12 екипи од основни и средни училишта од различни градови , кои се натпреваруваа во прва помош.        

Овие активности имаат за цел да ја зголемат свеста за важноста од прва помош и да ги обучат младите во вештини кои можат да спасат животи.                                                                                     

На настанот присуствуваа генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, Саит Саити, градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу.                                                                                          

Благодарност до граѓаните кои земаа учество на настанот, и се приклучија во поддршка на овие талентирани ученици и придонесоа за градење на познанства и вештини кои прават разлика во нашата заедница.

Треба да знаете
Последни објави