СДСМ денеска ќе објави нови информации за скандал поврзан со Панче Тошковски

СДСМ денес ќе објави нови информации поврзани со Ивица Бисовски, дознава 24инфо.мк од извори во партијата.

Според најавите на опозициската партија, овие информации ќе дадат ново светло на причините за ослободување на бодигардот на Мицкоски од Панче Тошковски.

Инаку, вчера СДСМ на прес-конференција објави дека Тошковски лично го ослободил Бисовски од одговорност за случајот каде тој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје.

„Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога. Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави.

Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски. Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност. За блиските луѓе на Мицкоски се е дозволено, дури и да тепаат полицајци“ изјави вчера на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Треба да знаете
Последни објави