Search

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се изолирани во деструктивното и антидржавно делување

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гласно навиваат да не добиеме датум за преговори и нашата земја да не ги започне проговорите со ЕУ. Сите соработници на Мицкоски со јавни изјави дејствуваат против државните и интересите на граѓаните, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, јавно побара од државите членки на ЕУ да не дозволат да ги започнеме пристапните преговори. Токму Каракамишева Мицкоски ја носеше на лидерските средби како негова десна рака. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски исто така јавно се залага за недобивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Николовски нема никакво право да зборува за стандарди на ЕУ. Александар Николовски е човекот кој вечерта на 27 април беше покрај Груевски, во Виена.

Човекот кој ја туркаше државата во безизлез, а народот во судир може за успесите на Владата на СДСМ во исполнување на ЕУ стандардите да прочита во најпозитивниот извештај на ЕУ објавен досега.

Еден од соработниците на Мицкоски е и Антонио Милошоски за кого стандардите на ЕУ се мисловна именка. Одлуката на Судот за човекови права во Стразбург за незаконската лустрација е директно  поврзана со дејствувањето на Антонио Милошоски.

Во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт а овие соработници на Мицкоски беа дел од режимот, Северна Македонија беше држава заробена од неговиот партиски лидер Никола Груевски.

Северна Македонија е просперитетна, демократска држава која се бори за својот напредок на европска сцена по 10 години уназадување од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со напредокот на државата, не можат да се помират со тоа што го добивме најпозитивниот извештај од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите. Денес сме блескав пример ослободен од стегите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се изолирани во деструктивното и антидржавно делување. Не успеаја да ја вратат државата во темното минато на криминал, изолација и неизвеснот.

Нема да успеат ниту овој пат. Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ, веќе де факто е членка на НАТО.

 

 

Треба да знаете
Последни објави