Полицијата фатила 21 возач без дозвола и 21 за пребрзо возење

Во текот на изминатот ден (06.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 биле нерегистрирани и едно поради претовар.

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 22 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 37 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки  телесни повреди, а шест лица поминале со телесни повреди.

 

Треба да знаете
Последни објави