Дебата во ЕУ за ризиците од 5Г технологијата врз легалното прислушкување

Министрите за внатрешни работи на Европска Унија на денешниот состанок во рамките на Советот за внатрешни ќе дебатираат за влијанието на 5Г технологијата врз овластеното прислушкување на судските власите.

Дебатата ќе се одржи претпладнево по презентација на последниот извештајот на европскиот координатор за борбата против тероризмот, Жил де Керков.

Во извештајот се предупредува дека полициските и судските власти би можеле да се соочат со проблеми во однос на легалното прислушкување поради 5Г технологијата и ги повикува земјите членки да преземат итни мерки за справување со оваа појава.

Во извештајот се предупредува за неколку ризици во контекст на развојот на оваа технологија и се препорачува дека под итно е потребно да се отвори дијалог со телекомуникациските оператори за да се влијае врз дефинирањето на нормите поврзани за енкриптирањето на комуникациите, сим картичките и „виртуелната и фрагментирана” архитектура на 5Г мрежата.

Невладините организации за одбрана на граѓанските слободи од своја страна бараат оваа дебата да биде јавна, а не зад затворени врати како што е предвидено.

Треба да знаете
Последни објави