Избран новиот тренер на ФК Вардар

Горан Петрески е новиот тренер на Вардар. Црвено-црните експресно реагира откако клубот го напушти Горазд Михаилов.

Петерски е поранешен играч на Вардар и репрезентацијата на Македонија. Како тренер работеше во Работнички, а беше и селектор на репрезентацијата до 18 години.

Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата“, се вели во клупското соопштение објавено на социјалните мрежи.

Петрески ќе дебитира за шест дена кога Вардар ќе му гостува на Шкупи.

Треба да знаете
Последни објави