Брат и се заканувал на неговата сестра, оштетил и дел од покуќнината

Утрово во 02.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода С.Н.(55) од Прилеп.

Постапиле по претходна пријава дека околу 22.00 часот на 18.08.2024 агресивно се однесувал и се заканувал на неговата сестра, а оштетил и дел од покуќнината во семејниот дом.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави