Обилните врнежи од дожд предизвикаа проблеми во Делчевскиот регион

Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион предизвикаа сериозни проблеми како во градот Делчево, така и на магистралниот пат А3. Одроните кај месноста Маркова Чешма резултираа со несреќа во која едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот. Во градот, неколку улици се под вода, вклучувајќи ги улиците Маршал Тито и дел од Булевар Македонија, кои беа погодени и во минатогодишните поплави.

Во моментот, дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози. Властите апелираат на претпазливост кај возачите и локалните жители додека се расчистуваат последиците од невремето.

Треба да знаете
Последни објави