Skip to main content
Македонија

Бајрам не е избеган, само не живее тука – Прва изјава на адвокатот Апостолски

18/12/2024  14:36

Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу 8 милиони евра во Лотарија.

Информацијата за МИА ја потврди самиот Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од државата.

И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.

– Моите информации се дека поранешниот директор на „Државна лотарија“ подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово – рече Мицкоски.