Биткоинот падна за дури 15 отсто во еден ден

Минатата недела беше објавено дека бројот на Американци кои поднеле барање за бенефиции за невработеност се искачи на највисоко ниво во последните 11 месеци, што укажува на затегнување на пазарот на трудот.

Распродажбата на крипто-пазарот е резултат на падот на акциите на азиско-пацифичките пазари. Биткоинот падна за 15 отсто, пишува CoinDesk. Да потсетиме, јапонските берзи забележаа најголем пад за еден ден, каков што немаат забележано со години, пишува CNN. Никеи 225, еден од најважните берзански индекси во Јапонија, забележа пад од дури 12 отсто.

На азиските берзи најважните индекси остро паднаа, додека јапонскиот Никеи забележа најлошо остварување, бидејќи инвеститорите се загрижени поради најновите американски економски показатели и можно забавување на најголемата светска економија.

Остар пад забележаа и другите берзи. Ова ја зголеми загриженоста дека американската економија забавува многу побрзо од очекуваното. Минатата недела беше објавено дека бројот на Американци кои побарале бенефиции за невработеност се искачил на највисоко ниво во последните 11 месеци, што укажува на тензија на пазарот на трудот, но во тоа секако играат улога и многу други сезонски фактори, пренесува 24сата.

Остриот пад на јапонскиот индекс Никеи, невиден од март 2000 година, делумно се должи на одлуката на Банката на Јапонија да ги зголеми каматните стапки на ниво што не беше забележано во последните 15 години, и објави план за намалување на својата дарежлива програма за купување акции. Тоа, всушност, го поттикна растот на јенот во однос на доларот.

Треба да знаете
Последни објави