“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈНОВА ВЕСТ: Големата суша и топлина во Македонија би можела да потрае уште најмалку две недели

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, според најновите излези на прогностичките модели со кои располагам, големата суша и топлина во Македонија би можеле да потраат уште најмалку две недели, односно најмалку до 18 август. До тогаш продолжува долгиот период на сушно и стабилно време со многу сонце  и топлина. Сепак, во попладневните часови ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а само во планинските предели не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи (ништо посебно).

Повремено ќе засилува ветер од променлив правец. Токму сушното и многу топло време, како и повремениот засилен ветер ќе условат повторно да имаме зголемен ризик од појава на нови шумски пожари, како и нивно ширење поради очекуваниот ветер. Во ваква ситуација, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата.

Што се однесува до температурите, тие  и во следните две недели насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе достигнуваат и до близу 40 степени. Многу висок останува  и Ув индексот кој ќе има вредност 8.

Треба да знаете
Последни објави