Дерала добитник на Наградата за солидарност за новинари од Југоисточна Европа

Германската Фондација Југоисточна Европа денеска ќе одржи церемонија за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е Џабир Дерала.

Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество.

Церемонијата ќе започне во 18 часот со поздравниот говор на Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и обраќањето на Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа, заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа, по што ќе му се додели наградата на Дерала.

Треба да знаете
Последни објави