Илјадници домаќинства останаа без струја во многу делови на северен Нов Зеланд откако се урна еден од главните далноводи поради поројни дождови.
Несреќата влијаела и на семафорите и властите ги предупредуваат возачите да бидат внимателни. Околу 200.000 луѓе останаа без струја.
На повеќе места има поплавени патишта и прекин на сообраќајот.