Тешко повреден 75-годишен маж во сообраќајка во Делчево

„Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.,,Браќа Миладинови“ во Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.К.(18) од с.Град, делчевско и патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (75) од с.Габрово, делчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. констатирани во Медицински центар Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Треба да знаете
Последни објави