Тракторист тешко повреден, изгубил контрола и се превртел

На 07.06.2024 во 18.30  часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Сарај, скопско Ф.А.(31) од истото село управувајќи трактор со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Р.С.(19) констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави