Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска ги избра петте нови членки, кои ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија во ова тело на Обединетите нации.
Советот за безбедност на ОН е единственото тело на ОН кое има моќ да донесува обврзувачки резолуции според меѓународното право, потсетува германската агенција.
САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција се петте постојани членки на Советот, од кои сите имаат право да стават вето на која било одлука или мерка, а десетте непостојани членки на советот, секоја избрана на две години, имаат многу помало влијание.
Поранешниот премиер на Камерун, Филемон Јанг, ноќеска, исто така, е избран за нов претседател на Генералното собрание на ОН, и тој во следната година ќе ја извршува оваа главно церемонијалната функција, јави ДПА.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Јанг е „горд Африканец посветен на иднината на својот континент“, со богато искуство.
„Со нетрпение очекувам тесно да соработувам со него додека тој ги обединува земјите-членки околу заедничките решенија кои можат да испорачаат правда во Африка и светот во развој“, додаде генералниот секретар на ОН./МИА