Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија

18/12/2024  09:37

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби.

Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин.

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза.

Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има.
Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДС и ДУИ мора да има.

Време е за унапредување на демократијата, владеење на правото и правдата.