Search

Одбележување на Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија „Мобилност Македонија“, по повод 30 мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, денеска организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза за нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија.

На настанот, како што информираат од „Мобилност Македонија“, ќе се приклучат и лицата со параплегија и дистрофија.

Настанот ќе започне пред Порта „Македонија“ и ќе продолжи со марш по десната коловозна лента на ул.„11Октомври“ во правец на Собранието на СРМ до Домот „Даре Џамбаз“.

Треба да знаете
Последни објави