Граѓаните со пофални зборови за досегашната работа на Пендаровски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски во објава на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите негови соработници.

На објавата има голем број коментари од граѓани а огромен број од нив се со пофални зборови за Пендаровски.

Најголем дел од коментарите се дека Пендаровски достоинствено, чесно и професионално си ја вршел својата работа и дека не ги делел граѓаните, а во некои од коментарите се изразува жалење за неуспехот за втор мандат.

Пендаровски денес и официјално и ја предаде функцијата претседател на Гордана Силјановска Давкова која стана првата жена претседател на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави