Бројот на загинати во Газа надмина 35.000

Министерството за здравство на Хамас денеска објави дека 35.034 лица загинале во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Во изминатите 24 часа се убиени најмалку 63 Палестинци, се додава во соопштението.

Министерството наведува и дека во последните седум месеци од војната биле ранети 78.755 лица.

Треба да знаете
Последни објави