Динамо Загреб, вечерва ја обезбеди 25. шампионска титула во фудбалското првенството на Хрватска. „Модрите“ го победија Осиек со 1:0, а конкурентот Риека загуби во Вараждин (3:1). Риека, во минатото коло загуби од Динамо на домашен терен и очигледно по тој пораз остнаа без амбиции. Нивниот пораз од Вараждин го искористи Динамо, победи со голот на Аријан Адеми во 73. минута и ја обезбеди титулата. Динамо по 25. стана шампион, Хајдук има шест титули, Риека и Загреб освоија по една шампионска титула. Овие четири тима се единствените хрватски шампиони од осампостојувањето во 1991 година.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/2a608b60-383e-49ba-a55a-591d404011d6.jpg)