Skip to main content
Македонија

Притвор за лицата опфатени во истрагата за бандата „Беланоца/Барон“

17/12/2024  15:07

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор за лицата опфатени во истрагата за бандата „Беланоца/Барон“.

Како што соопштија од Кривичен, прифатен епредлогот за притвор за четири лица кои вчера беа спроведени во судот, во траење од 30 дена. Исто така, прифатен е предлогот за определување мерка притвор за пет лица кои се недостапни за органите на прогон.

На овие лица притворот им е определен од нивно пронаоѓање, што се однесува до едно лице за кое се предлага притвор а истиот е веќе во затвор дополнително ќе се одлучува со оглед да истиот веќе е обезбеден во затворска установа.

Специјални единици во неделата вечерта го опседнаа скопското село Арачиново, упориште на една од криминалните банди кои се во војна неколку децении. Се апсеше и се вршеа претреси, а според официјалните информации се спроведува истражна постапка против 18 лица за кои постои основано сомневање дека како нарачатели, помагачи или директни извршители др вмешани во убиства, злосторничко здружување, тешки дела против општата сигурност и изнуда.