Skip to main content
Балкан, Македонија

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети замина во Косово

17/12/2024  11:07

Историско кафе со Али Ахмети во Приштина, напишна извесен Исмет Сулејмани на својот фејсбук профил утрово. Во објавата не пишува која е причината поради која лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска е во посета на Косово. Во придружба на Ахмети е генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети.

„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, напиша Сулејмани во објавата на фејсбук.