Претседателот на Економскиот совет на Белата куќа набрзо заминува од функцијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека претседателот на Економскиот совет на Белата куќа, Келвин Хасет набрзо ќе замине од функцијата, но не ја наведе причината за тоа.

– Кевин Хасет, кој заврши многу добра работа за мене и за администрацијата, наскоро заминува и брзо по моето враќање во САД ќе биде именувана негова талентирана замена, напиша Трамп на Твитер.

Хасет за функцијата претседател на економскиот совет на Белата куќа беше номиниран во 2017 година, а работеше со високиот советник и зет на Трамп, Џаред Кушнер на предложениот план за имиграција, претставен во мај.

Трамп во твитот му се заблагодарува на Хасет за неговата работа и го нарекува „прав пријател”.

Треба да знаете
Последни објави