Најголемата британска испорака на помош за Газа влезе во палестинската енклава, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.
Повеќе од 2.000 тони прехранбена помош, која влезе во Газа преку Јордан, беше дистрибуирана од Светската програма за храна на Обединетите нации и е наменета за „повеќе од 275.000 луѓе“, соопшти Министерството, пренесе Си-Ен-Ен.
Покрај испорачаните 2.000 тони помош во храна, се вели дека УНИЦЕФ дистрибуира 150 тони помош финансирана од Британија, вклучувајќи шатори и ќебиња, кои беа испратени на 13 март.