Дојави за бомби во неколку македонски градови

Утрово и во текот на денов во повеќе објекти во неколку македонски градови имало дојави за поставени експлозивни направи.

Дојави за поставени бомби имало на подрачјето на СВР-Струмица, СВР-Охрид, СВР-Штип и Кратово, според информации на 24инфо.мк дојава за поставена бомба имало и во еден објект на синџир маркети во скопската населба Бутел.

МВР информира дека по сите пријави се постапило и се вршеле проверки на лице место, при што никде не биле пронајдени експлозивни материи.

Треба да знаете
Последни објави