(Видео) Автомобил и гаража се запалија синоќа во Кавадарци

Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци.

Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.

За пожарот, со видео и фотографии објави и градоначалникот Митко Јанчев.

– Оштетено е едно возило ,,голф” четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, пишува Јанчев.

Противпожарната единица од Кавадарци интервенирала со три возила и шест пожарникари

Треба да знаете
Последни објави