Макрон: Операциите во Газа мора да „престанат“

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласил дека бројот на загинати во Газа е „исклучително висок “ и дека операциите на Израел таму „мора да престанат“, соопшти Кабинетот на францускиот претседател. Макрон го изрази „цврстото противење“ на Франција на израелската офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Газа и истакна дека договорот за прекин на огнот треба да се постигне „без дополнително одлагање“. Според него, императив е да се отворат „сите премини“ во Газа со цел да се достави помош на палестинската територија.

Треба да знаете
Последни објави