Шведска очекува одобрение од Унгарија за влез во НАТО

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека очекува Унгарија наскоро да ја одобри апликацијата на Шведска за членство во НАТО.

-Го поздравуваме фактот што Турција го заврши процесот на ратификација и очекуваме дека Унгарија ќе го стори истото наскоро – рече Билстром во говорот во парламентот.

Унгарија е единствената членка на НАТО која не го одобри барањето на Шведска за влез во Алијансата.

Владата во Унгарија ги наведува, како што велат, неоправданите обвинувања на Шведска за поткопување на демократијата во Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави