(Видео) Градоначалникот Стојкоски признава дека претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров е вработен во општината

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вчера на седницата на Советот призна дека претседателот на огранокот на УМС е вработен во општината.

“Да, вработен е во општина. Тој има право како сите други да се вработи негде. Зошто? Зошто би ти одговорил на тоа прашање? Зошто не треба да работи? Има кривична постапка некоја? Па сега јас ти кажувам“ одговара Стојкоски на прашањето дали конкретното лице се има вработено во општината.

„Види, кој се вработил нека му е со среќа. Тоа е“ завршува Стојкоски.

Треба да знаете
Последни објави