(Видео) Бојмацалиев: Честитки за првиот меѓународен лет со медицински хеликоптер

Заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев преку видео им честита и им се заблагодари на припадниците на Одделот за воздухопловни единици при МВР.

„Добредојдовте дома храбри припадници на Одделот за воздухопловни единици при МВР! Во свое и во име на МВР ви честитам за успешно реализираниот транспорт на пациент со хеликоптер на МВР со историскиот прв меѓународен лет од Скопје до Виена.

Наша обврска на чие исполнување сме силно посветени е да обезбедиме вработените да имаат сè што им е потребно за успешно извршување на нивните задачи, соодветна опрема и обука и одлични работни услови. Мотивираните вработени својата вистинската посветеност ја манифестираат не само во нивната способност да реагираат во кризни ситуации, туку и во нивната секојдневна и неуморна ангажираност за изградба на позитивни односи со граѓаните кои ги служат.

Вие сте вистинските херои во очите на заедницата која ви ја доверува својата безбедност. Ви честитам и посакувам уште многу заеднички успеси“ се вели во објавата на Бојмацалиев.

Треба да знаете
Последни објави