Објавени статистички соопштенија на Народната банка

Ве известуваме дека денес, на веб-страницата на Народната банка се објавени следниве статистички соопштенија:

Позначајни движења во платниот биланс во првиот квартал од 2019 година

Во првиот квартал од годинава, меѓу другото:

– Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени позначајни нето-приливи од 157,8 милиони евра, главно поврзани со трговските кредити. На нето-основа, врз основа на странски директни инвестиции, во првите три месеци од годинава се остварени нето-приливи од 21,6 милиони евра;

– Во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 162,5 милиони евра, главно како резултат на дефицитот во стоковната размена;

– Девизните резерви бележат умерено намалување за 5,6 милиони евра.

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: април 2019 година

Во април:

–      Просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи да се намалува и изнесува 5,23%;

–      Просечната каматна стапка на вкупните депозити е на ниво од 1,41%.

Позначајни движења кај останатите финансиски институции, (ОФИ): прв квартал на 2019 година

Вкупните средства на ОФИ, во првиот квартал од оваа година, изнесуваат 110.672 милиони денари и бележат раст од 6,1% на квартално и 16,4% на годишно ниво. Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 63,2%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 21,4%.

Од гледна точка на структурата на средствата на ОФИ, должничките и сопственичките хартии од вредност како најзначајни инструменти учествуваат со 65,8%, додека во структурата на обврските доминантни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со учество од 87,9%.

НАПОМЕНА Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Треба да знаете
Последни објави