Комунална хигиена ќе им дели регрес за одмор на вработените за три години

 Почитувани, на својата 23 седница, одржана на 28 мај 2019 година, Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје донесе Одлука на вработените во Претпријатието да им биде исплатен регрес за користење на годишен одмор за 2016 година, 2017 година и 2018 година.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена”- Скопје, Абдусамед Шабани, има чест да ве покани на потпишувањето на Спогодбата за регулирање на начинот на исплата на регрес за користење на годишен одмор, со претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Северна Македонија (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

Потпишувањето на Спогодбата ќе се одвива во понеделник, 3 јуни 2019 година, со почеток во 10 часот, во просториите на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје, на ул. 516, бр. 10 (зад Скопски саем).

Треба да знаете
Последни објави