Екс-српски репрезентативец сега тренер во стручниот штаб на Голден стејт доживеал срцев удар пред натпревар

Екс-српски репрезентативец, сега тренер во стручниот штаб на НБА-лигашот Голден Стејт, Дејан Милојевиќ доживеал срцев удар и се наоѓа во болница, пренесува „Спорт Клуб“ повикувајќи се на извори блиски до поранешниот кошаркар. На Милојевиќ му се слошило во текот на вечерта во ресторан во Солт Лејк Сити каде што Голден Стејт треба да игра вечерва против Јута. Милојевиќ бил итно пренесен во најблиската болница каде и што бил опериран. Повеќе информации за состојбата на екс-репрезентативецот на Србија би требало да бидат познати во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави