Фотографија од финалистките на Мис Индија предизвика бурни реакции

Фотографијата од финалистките на овогодинешниот Мис Индија предизвика жестока дебата на социјалните медиуми околу опсесијата на Индија со светла кожа.

Во земја со 1,3 милијарди луѓе, стотици јазици и безброј етнички групи, корисниците на Твитер велат дека организаторите на натпреварите за убавина избираат исклучиво натпреварувачки кои ги отсликуваат евротоцентричните критериуми за убавина.

„Сите имаат иста коса и ИСТА боја на кожа, па претпоставуваме дека имаат и иста висина и пропорции“, напиша една корисничка на „Твитер“.

Но, додека кожата на натпреварувачите изгледа особено светла на фотографијата која предизвика бурни реакции на интернет, други фотографии и видеа на натпреварувачите покажуваат дека тие всушност имаат потемен тен.

Но, целата контроверзија околу фотографијата укажа на едно многу чувствително прашање во Индија, каде Мис Индија е огромен културен настан.

Победничките на натпреварот обично се подготвуваат за глобалната фаза на натпреварот, поради што постои верување дека тие мора да ги отсликуваат западните стандарди за убавина за да победат, вели Радика Парамсваран, професорка на Факултетот за медиуми во Индијана.

Организаторите на Мис Индија одбија да коментираат.

Основачката на невладина организација за родова еднаквост, Кавита Емануел, нагласува дека опсесијата со светла кожа во Индија оди многу подлабоко од натпреварот за мис.

„Тоа е токсично верување што стана дел од нашата култура“, објаснува таа.

Некои бремени жени во делови од Индија пијат млеко со шафран за кое се верува дека придонесува за посветла кожа кај бебињата.

Треба да знаете
Последни објави