Со дрон нападнат Багдад, убиен лидерот на антиамериканските сили

Во денешниот американски напад врз Багдад убиен е воениот командант на групата Хашед ал-Шааби, соопштија поранешните паравоени сили, а ирачко официјално лице пријави два смртни случаи во напад со дрон.

-Дрон беше насочен кон штабот за логистичка поддршка на Хашед ал Шаби, главно проирански поранешни паравоени единици интегрирани во ирачките вооружени сили – рече тој.

Во нападот, двајца членови беа убиени, а седум други беа ранети, изјави претставникот кој сакаше да остане анонимен.

Извор од Хашед, кој исто така побара да остане анонимен, го потврди бројот на загинатите и ги обвини Соединетите држави дека стојат зад нападот.

Полициски извори и очевидци изјавија дека најмалку две ракети паднале во зграда што ја користела ирачката милиција Ал Нуџаба.

– Ќе возвратиме и ќе ги натераме Американците да зажалат што ја извршија оваа агресија – изјави Абу Акуел ал Мусави, локалниот командант на ирачката милиција.

Харакат ал-Нуџаба, една од фракциите Хашед, објави дека заменик-командантот на операциите за Багдад, Муштак Талиб ал-Саиди е убиен во американски напад.

Нема коментар од американските власти, чии сили во Ирак и соседна Сирија се соочија со бран напади од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Треба да знаете
Последни објави