Најмалку 12 загинати во верижен судир на камион и автобус во Индија

Најмалку 12 лица загинаа, а околу 30 се повредени во верижен судар меѓу камион натоварен со јаглен и автобус во средата во областа Голагат во индиската држава Асам, соопшти полицијата, пренесе PTI.

Несреќата се случила утрово кога автобус со 45 патници се судрил со камион, изјави началникот на полицијата во Голагат, Рајен Синг за PTI.

„Досега загинаа 12 лица. Повредените се пренесени во болница“, рече тој.

Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство за загубата на животите во несреќата.

„Сочувство до семејствата на загинатите. Нека повредените оздрават што побрзо. Локалната администрација дава секаква можна помош за настраданите“, соопштија од кабинетот на премиерот во објава на Х.

Виш лекар на Медицинскиот факултет и болницата Џорхат за новинарите изјави дека состојбата на дел од повредените е критична.

Во меѓувреме, министерот за транспорт нареди истрага за инцидентот и побара од првите луѓе на неговиот оддел да стигнат до местото на несреќата во областа Голагат.

Треба да знаете
Последни објави